Политика на сајтот

Со пристапот до сајтот WELTAUTO.МK и неговото користење вие се согласувате со оваа политика, без какви било ограничувања или услови. Според тоа вашата посета на сајтот WELTAUTO.MK станува предмет на оваа политика, а исто така и на сите применливи закони.

Авторско право © Porsche Macedonia

Содржина

Информаците поставени на оваа страница треба да се проверат и преку директен контакт на посочените телефони. Сите информации, вклучени на оваа страница, претставуваат ориентационо информирање. Оваа интернет страница не треба да се користи и истата не треба да се смета како замена за информации, кои се на располагање од овластените трговски претставници на претставништвото на "Порше Македонија" ДООЕЛ. Информациите на оваа интернет страница не подлежат на никакви правни обврски и не претставуваат понуда за продажба.

И покрај тоа што "Порше Македонија" ДООЕЛ ги вложува сите разумни напори за обезбедување на коректноста и точноста на сите информации на оваа интернет презентација, точноста на истите не може да се гарантира и "Порше Македонија" ДООЕЛ не превзема никаква одговорност за точноста, сеопфатноста и автентичноста на која и да било од информациите на оваа интернет презентација. Интернет презентацијата, целокупната информација и материјалите Ви се прикажани во формата во која фактички се создадени, без гаранција од било каков вид, ниту формална, ниту неформална.

Порше Македонија ДООЕЛ го задржува правото да прави промени, во секое време и без известување на моделите, опременоста, технички карактеристики и расположивите количини.

Цени на производите

Цените се изрзени во Евра, додека за пресметка во Македонски Денари се користи официјалниот курс на Народна Банка на Македонија. Истите се од информационен карактер и заедно со содржините објавени на оваа интернет страница не претставуваат официјална понуда за продажба ниту пак се од обврзувачки карактер за дилерствата на Порше Македонија. Купувањето на било кој производ треба да биде предмет на роковите и условите на индивидуалниот договор за продажба со соодветното дилерство.

Предупредување за авторските права, индустриската и интелектуалната сопственост

Презентирањето и сите содржини на оваа интернет страница се под заштита на правата на индустриската и интелектуалната сопственост. Можете да ги користите информациите, текстовите, сликите или графиконите кои се дел од содржините на оваа интернет презентациа, за Ваша лична употреба (без комерцијален карактер), но содржините не можете да ги репродуцирате, менувате, емитувате, лиценцирате или објавувате - како целосно така и делумно, со каква и да било цел, без претходна писмена согласност на "Порше Македонија" ДООЕЛ, освен само за прегледување.

Заштитени трговски марки

Сите заштитени трговски марки, логоа и службени ознаки прикажани на оваа интернет презентација се во сопственост на "Порше Македонија" ДООЕЛ или на трети земји. Забрането е да ги користите, "симнувате" цо цел, размножување или дистрибуирање на каков и да било начин, без писмена дозвола од "Порше Македонија" ДООЕЛ или од трети земји, во зависност од конкретниот случај.

Хиперлинк

Интернет страницата WELTAUTO.MK може да содржи хиперлинкови до други интернет страници кои се целосно независни од оваа страница. "Порше Македонија" ДООЕЛ не дава гаранција за точноста или автентичноста на информациите кои се содржат во таквите хиперлинкови или во другите интернет страници. Пристапот до сите други интернет страници, поврзани со линкови кон сајтот WELTAUTO.MK е на ваш сопствен ризик.

Ограничувања на одговорност за штета

Порше Македонија ДООЕЛ експлицитно не презема какви било обврски за компензација во однос на било какви директни, индиректни, случајни, причинско условени или посебни штети, кои произлегуваат од или се поврзани на било каков начин со пристапот или употребата на интернет страницата WELTAUTO.MK, вклучувајќи, но без да се ограничува до, никакви загуби или штети предизвикани од вируси, со кои се влијае на вашата компјутерска опрема или Вашата доверба во информациите добиени преку сајтот WELTAUTO.MK.

Ажурирање на политиката

Порше Македонија ДООЕЛ го задржува правото да ги ажурира овие политики во секое време, затоа Ве покануваме при секоја Ваша посета на страницата да го посетите и овој дел за да ја проверите политиката.